За нас
ВОЌАРКООП КОМЕРЦ експорт-импорт д.о.о. Скопје
е средно претпријатие основано на 29. IV 1992 година, како претпријатие
во приватна сопственост. Претпријатието работи успешно од своето
основање.
Основачи на претпријатието се:

|
Г-дин Павле Ристов, дипломиран економист.
Роден е на 12. II 1941 година во Пепелиште - Неготино, Македонија.
Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, смер општа економија,
на 25. II 1965 година.
|

|
Г-ѓа Билјана Карајановска,
дипломиран економист. Родена е на 15. XII 1976 година во Скопје,
Македонија. Дипломирала на економскиот факултет во Скопје
на 11. VII 2000 година насока Деловна Бизнис Економија - смер
Менаџмент. |
Претпријатието работи успешно од своето основање. Традицијата,
успешноста и просперитетот на пазарот се должат на искуството и
долгогодишната работа на менаџерскиот тим и на квалитетот на производите
и услугите што ги дава ова претпријатие.
Раководната улога во претпријатието му е доделена на господинот
Павле Ристов, кој е директор на ова претпријатие од самото основање.
Тој внесе карактеристични новини во работењето на претпријатието,
со што му даде големо значење на позитивното, професионалното и
доследното завршување на работите.
Основна дејност на претпријатието е преработка на овошје и зеленчук
и извоз на истите. Посебно место во преработката и извозот е пастер
вишна во лименки од 5/1 Kgr. Исто така претпријатието е увозник
на разни репроматеријали за прехрамбената индустрија на Република
Македонија.
Воќаркооп комерц располага со свој деловен простор: канцеларии
200 m2 во центарот на Скопје и свој магацински простор
од 2.500 m2 покриен дел и дворно место од 4.000 m2
во централното градско подрачје во населбата Автокоманда.
|